ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Последно ажурирање: 20.07.2026
• Контролор на лични податоци
Контролор на личните податоци кои се обработуваат преку интернет-страницата www.ogimy.com е Друштво за трговија и услуги ГУЛЦАН ДОО Скопје (скратен назив: ГУЛЦАН ДОО Скопје).
Во оваа Политика за приватност поимите „Контролор“, „ние“, „нас“ и „нашата веб страна“, „мобилната верзија на веб сајтот “, „нашата апликација“ се однесуваат на ГУЛЦАН ДОО Скопје.
Контролорот во согласност со дејноста која ја врши, врши и обработка на лични податоци согласно важечките прописи во Р.С. Македонија. Ние се грижиме за Вашата приватност преку почитување на начелата и одредбите за заштита на личните податоци, законита обработка на истите, како и почитување на правото на приватност, употребувајќи бројни технички и организациски мерки (контрола на пристап; енкриптирана комуникација (SSL/TLS); резервни копии; следење на безбедносни инциденти; ограничен пристап на овластени лица).
• Цел на Политиката за приватност
Оваа Политика за приватност има за цел да Ве информира за начинот на кој се собираат, користат, чуваат и заштитуваат Вашите лични податоци при користење на веб-страницата и апликацијата за објавување и пребарување огласи. Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци (,,Службен весник на Р.С.Македонија’’ бр.42/2020, 294/2021 и 101/2025).
Со регистрација и користење на нашата веб страна и апликација, потврдувате дека сте запознаени со условите дефинирани со оваа Политика. Доколку не се согласувате со услови, Ви препорачуваме да не ги користите нашите услуги.
• Кои видови на лични податоци ги собираме и обработуваме?
При регистрација и користење на платформата можеме да ги обработуваме следните лични податоци:
Податоци за кориснички профил: име и презиме (тоа се информациите што Вие како корисник сте ги внеле при регистрација и Вие ја имате одговорноста за точноста на истите), датум на раѓање (не е јавен; се користи за роденденска честитка и, кога е овозможено, за роденденска награда во OgiПоени), телефонски број (тоа е Вашиот телефонски број за контакт што сте го внеле, доколку не сакате да се прикажува на огласот и да не биде јавен, тогаш при регистрација на оглас, ја селектирате опцијата “Не го прикажувај телефонскиот број во огласот”. Во тој случај, Вашиот телефонски број нема да се прикажува јавно и ќе служи исклучиво за целта за која што сте се согласиле при регистрација), е-пошта (тоа е Вашата е-маил адреса која не е јавна и трети страни не можат да имаат пристап до истата, се користи исклучиво за целта за која што сте се согласиле при регистрација), адреса и/или место (локација) на продажба (градот каде што се наоѓа продуктот што се продава/услугата која се нуди), трансакциска сметка;
Технички податоци: IP адреса, податоци за пристап и логирање, податоци за користење на платформата, информации од интернет прелистувач и уред;
Податоци за комуникација: пораки испратени преку системот за приватни пораки помеѓу корисници, корисничка поддршка и комуникација со Контролорот.
• Цели на обработката на личните податоци
Вашите лични податоци ги обработуваме за следните цели:
• Креирање и одржување кориснички профил (во форма и содржина што сте одбрале Вие);
• Испраќање роденденска честитка и, кога е овозможено, додавање на поставената роденденска награда во OgiПоени на Вашата сметка;
• Објавување и управување со огласи (во форма и содржина што сте одбрале Вие) со цел да бидете контактирани од страна на заинтересираните купувачи за предметот/услугата која се објавува;
• Овозможување комуникација помеѓу корисници преку приватни пораки;
• Потврдување на идентитетот на корисниците;
• Обезбедување сигурност и спречување злоупотреби;
• Исполнување законски обврски;
• Решавање поплаки и корисничка поддршка;
• Подобрување на функционалноста на веб-страницата и апликацијата, за праќање на системски - функционални е-маил пораки, како што се известување за објавен оглас, извршено плаќање и сл. Овие пораки немаат промотивен карактер и не се користат за праќање на промотивни пораки;
• Вашите лични податоци ќе бидат користени за цели на дигитален маркетинг, само доколку Вие имате дадено дозвола за тоа.
Внесените податоци ги користиме исклучиво за целта за кои што се внесени и не одговараме за точноста на внесените информации.
Личните податоци не се доставуваат на трети лица, освен кога тоа е неопходно за обезбедување на услугите на платформата (на пример, хостинг, платежни услуги, техничка поддршка и слично) или кога постои законска обврска. Во сите такви случаи, односот со третото лице е регулиран со соодветен договор за обработка на лични податоци кој обезбедува усогласеност со прописите за заштита на личните податоци.
При креирање на профилот/ регистрирање на оглас, корисникот сам одлучува дали ќе се прикаже телефонскиот број или не. Вашата електронска пошта не се прикажува јавно во никој случај, освен ако огласувачот одлучи да ја додаде во описот на огласот. Внесените податоци за огласот, се користат за објавување на оглас во форма и содржина што одлучил самиот огласувач.
• Како се користат Вашите лични податоци ?
Доколку ја користите веб страната и апликацијата за креирање кориснички профил или како огласувач кој поставува оглас
При креирање на корисничкиот профил/ регистрација на огласот, Ние ги обработуваме податоците кои се дадени доброволно од Ваша страна при пополнување на формуларот за креирање кориснички профил/ регистрација на оглас и тоа исклучиво за целите кои се наведени.
Воедно, заради самиот пристап до веб-страната и апликацијата, ги обработуваме техничките податоци кои се однесуваат на Вашиот уред од кој пристапувате до нашата веб страна, податоци за Вашиот Интернет пребарувач, Вашата IP адреса и локација на уредот.
Доколку ја посетувате веб страната како посетител што разгледува огласи
Кога ја посетувате нашата веб страна како посетител, Контролорот собира технички податоци кои се однесуваат на Вашиот уред од кој пристапувате до нашата веб страна, податоци за Вашиот Интернет пребарувач, Вашата IP адреса и локација на уредот.
Доколку како корисник ја користите веб страната/ апликацијата и сакате да контактирате огласувач преку полето “прати порака”
Кога ја користите веб страната/апликацијата за да воспоставите комуникација со лицето кое огласи оглас, тогаш Вашите име, презиме, е-маил/телефон кои сте го внеле, ќе бидат видливи до огласувачот со цел да продолжите со комуникација во врска со предметот. Ние не превземаме одговорност и немаме пристап до комуникацијата помеѓу огласувач-купувач. Дадените податоци ќе се користат исклучиво за таа цел и нема да се користат за други цели за кои нема согласност.
• Правен основ за обработка
Обработката на личните податоци се врши врз основа на:
• Извршување договор односно користење на услугите на платформата (пр.регистрација, објавување на оглас);
• Исполнување законски обврски на Контролорот;
• Согласност на корисникот (пр.директен маркетинг);
• Легитимен интерес за обезбедување безбедност и правилно функционирање на платформата.
• Обработувачи и пренос на лични податоци
Веб-страницата и апликацијата се хостирани во Германија преку надворешен давател на услуги (Hetzner Online GmbH) со кој Контролорот има склучено соодветен договор за обработка на лични податоци. Обработувачот применува соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци, со цел да обезбеди нивна доверливост, интегритет, достапност и отпорност на системите и услугите за обработка. Бидејќи податоците се обработуваат во држава членка на Европската Унија, нивото на заштита се смета за соодветно согласно важечките прописи за заштита на личните податоци.
• Колачиња (Cookies) и социјални мрежи
Веб-страницата користи- Cookies - мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер. Колачињата се користат за оптимизирање на нашите услуги, за да може системот да функционира правилно и да го подобри користење на платформата. Оваа информација е анонимна и не содржи лични податоци. Корисникот на веб-страницата може да ги сочува, ограничи или оневозможи овие колачиња. Колачињата ги регистрираат интересите на физичкото лице, неговите преференци и искуства и ја подобруваат ефикасноста на пребарувањето на информации, но не со цел да се идентификува конкретниот корисник. Повеќе за употребата на интернет колачињата (cookies) можете да прочитате во нашата Политика за колачиња на следниот ------------.
Веб-страницата и апликацијата им дава можност на корисниците за поврзување со социјални мрежи, како: Facebook, Instagram, YouTube, TikTok, LinkedIn, Reddit и други. Со кликнување на овие линкови корисникот станува предмет на политиките за приватност на соодветната социјална мрежа. Контролорот не одговара за начинот на кој тие компании ги обработуваат личните податоци.
• Период на чување на личните податоци
Контролорот ги чува личните податоци само онолку долго колку што е неопходно за исполнување на целите за кои тие се собрани и обработуваат, како и во согласност со законските обврски што се применуваат на Контролорот. По истекот на применливите рокови за чување, личните податоци трајно се бришат, анонимизираат или се обработуваат на начин што повеќе не овозможува идентификација на субјектот на личните податоци.
• Кои се Вашите права во однос на заштитата на личните податоци?
Вашите права како корисник на нашата веб страна и апликација, во врска со политиката за приватност и заштитата на лични податоци се следни:
Право на информирање- Имате право да бидете информирани кои лични податоци се обработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка.
Право на пристап- Имате право да побарате од нас копии од Вашите лични податоци. Имате право да добиете потврда дали се обработуваат Вашите лични податоци, кој има пристап до личните податоци и информации за целите на обработка, категориите на лични податоци, корисници на кои се откриени, рок за чување и сл.
Право на исправка- Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите за кои мислите дека не се точни. Вие, исто така, имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите за кои мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.
Право на бришење- Имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности. Ова право се применува само под одредени услови согласно закон.
Право на ограничување на обработката- Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на Вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.
Право на повлекување на согласноста за обработка - Имате право да се спротивставите на обработката, односно да ја повлечете согласноста во случаите предвидени со важечките прописи од областа на заштита на лични податоци.
Право на преносливост на податоци- Имате право да побарате да ги пренесеме Вашите лични податоци од една во друга организација (контролор) или да Ви ги дадеме Вам.
Право да се жалите (Право на приговор)- Во кој било случај ако станете незадоволни и сметате дека обработката на Вашите лични податоци ги прекршува прописите за заштита на личните податоци, може да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци на info@privacy.mk.
За остварување на наведените права, обратете се со образложено барање на info@ogimy.com.
• Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг
Директниот маркетинг е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до Корисникот во форма на е-пошта, SMS, Viber пораки, телефонски пораки и сл.
Согласно член 11 од Законот за Заштита на личните податоци, Контролорот врши обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг исклучиво по претходно добиена согласност од субјектот на лични податоци, која се добива преку селектирање на опцијата “Се согласувам да добивам рекламна содржина како понуди и вести од страна на www.ogimy.com” при креирање на корисничкиот профил и/или при регистрација на оглас од страна на корисникот.
Ние го ограничуваме директниот маркетинг на разумно и на пропорционално ниво и испраќаме релевантни известувања исклучиво согласно интересот на корисниците и претходни пребарувања на сајтот.
Согласно Законот за заштита на личните податоци, субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства, да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Тоа може да го направи со испраќање на “Барање за повлекување на согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг” на следнава емаил адреса: info@ogimy.com.
Промени во Политиката за приватност
Контролорот го задржува правото да изврши било какви измени на Политиката за приватност во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата.